• понеделник, 23 декември 2024

Со зголемување на бројот на вакцините ќе се зголемува и опфатот на вакцинираните во критичната инфраструктура и критичните категории граѓани

Со зголемување на бројот на вакцините ќе се зголемува и опфатот на вакцинираните во критичната инфраструктура и критичните категории граѓани
Скопје, 15 април 2021 (МИА) – Трпение побара денеска министерот за здравство Венко Филипче за сите вработени во критичната инфраструктура, напоменувајќи дека само дел од вработените во овие дејности досега се вакцинирале, но оти како што ќе стигнуваат новите вакцини така ќе се прошири процесот на имунизација за сите вработени во тие сектори. Со реакција до Судскиот совет денеска излезе Здружението на судската администрација во однос на листата за вакцинирање, а има забелешки и во однос на потребата да се вакцинираат вработените на патарините, во градскиот превоз и сите оние кои имаат секојдневен контакт со граѓаните. Филипче денеска во изјавата пред А1 Арената „Борис Трајковски“ напомена дека  од сите институции во критичната инфраструктура сепак само еден дел вработени се вакцинирале, односно оние, како што рече, кои се изложени на најголем ризик. -Информациите ги земавме од раководителите на институции, буквално од министерствата, од другите институции, поради тоа што само со толкав број на вакцини  располагаме. Како ќе се зголемува бројката, така ќе се зголемуваат и групите од институциите, кои понатаму ќе бидат вакцинирани во тоа сценарио паралелно во постојниот систем на вацинирање со граѓаните од повозрасната група. Апелирам на трпение, доаѓаат вакцините, ќе има за сите, системот може да функционира и многу граѓани ќе се вакцинираат, истакна Филипче. Во текот на вакцинацијата на вработените во критичната инфраструктра се имунизираа припадници на МВР, Армијата, вработените во училиштата, односно наставнички од прво до трето одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и воспитувачлите, вработени во праводуството, во Собрание - во техничките служби. Во салата „Борис Трајковски“ беа вакцинираа и околу 600 новинари, и тоа тие од критичната група над 40 години и луѓе кои се со хронични болести. Во однос н а барањето до Народниот правобранител во приоритетни групи да влезат и лицата со попреченост со нивната придружба, Филипче рече дека има многу барања не само од овие лица, туку и од други критични категории граѓани, кои треба да се вакцинираат, како оние со ретки болести, пациентите кои одат на дијализа, оние со хронични белодробни заболувања. Додаде дека како ќе се зголемува достапноста така ќе се вклучуваат повеќе категории. ац/    

Остани поврзан