• петок, 22 ноември 2024

Сојузот на средношколци го поздрави договорот меѓу СОНК и Владата

Сојузот на средношколци го поздрави договорот меѓу СОНК и Владата
Скопје, 25 април 2022 (МИА) - Сојузот на средношколци го поздрави постигнатиот договор меѓу СОНК и Владата на Република Северна Македонија. Велат дека се задоволни што двете страни го послушале нивниот апел и празничниот период го искористиле да постигнат компромис. - Најраното можно враќање на учениците е во среда, што значи 10 изгубени работни дена. Затоа го повикуваме членството на СОНК во најбрз можен рок да го одобри договорот. Бараме од Министерството за образование и наука Сојузот да биде вклучен во одлучувањата за надомествувањето на пропуштениот материјал. Се покажа дека компромис е можен ако средношколците тоа го побараат, се наведува во соопштението од Сојузот на средношколци.

Остани поврзан