• недела, 24 ноември 2024

Сојузот на средношколци бара бесплатен јавен превоз и за учениците од приватните средни училишта 

Сојузот на средношколци бара бесплатен јавен превоз и за учениците од приватните средни училишта 

Скопје, 2 септември 2024

Во 2021 година Сојузот на средношколци започна со процесот на обезбедување бесплатен и праведен јавен превоз за сите средношколци во Македонија. Во јуни 2023 година, поранешниот претседател на Сојузот Лука Павиќевиќ поднесе иницијатива за оценување на уставноста на делови од Законот на средното образование до Уставниот суд. Истата година во декември, Сојузот ја оствари својата цел, со тоа што Уставниот суд донесе одлука дека различен третман на учениците од средното образование во однос на стекнувањето на правото за користење на бесплатен превоз е спротивно на член 9 став 2 и член 44 став 2 од Уставот.

Со ова очекувавме дека институциите ќе им овозможат на учениците да го остварат правото на бесплатен превоз.

Два месеци по одлуката на Уставниот суд, со почетокот на учебна година, ЈСП информираше дека сите ученици од средните училишта ќе добијат бесплатни билети освен тие од приватните. Министерството за образование и наука исто така се оградува од одговорност и вели дека од државниот буџет се издвојуваат средства само за јавното образование.

Додека институциите меѓусебно си ја префрлаат одговорноста, одлука на Уставниот суд на државата не се почитува. Токму затоа, Сојузот на средношколци ги повикува МОН, Град Скопје и ЈСП да го почитуваат Уставот и да ја спроведат одлуката на Уставниот суд.

Сојуз на средношколци

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан