• петок, 22 ноември 2024

Социјалната мрежа на Трамп пуштена во употреба

Социјалната мрежа на Трамп пуштена во употреба
Лос Анџелес, 21 февруари 2022 (МИА) - Мобилната апликација за пристап до социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social), развиена на иницијатива на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е достапна во „Апстор“ (AppStore) од денеска - 21 февруари. Креаторите на „Трут сошл“ ја лансираат социјална мрежа на националниот празник - Денот на претседателот, кој традиционално се одбележува во третиот понеделник во февруари. Последните недели од неговиот мандат како претседател на САД, Трамп имаше блокирани сметки на Твитер, Фејсбук и Инстаграм. Ова се случи набргу откако неговите приврзаници упаднаа во Конгресот на 6 јануари 2021 година и се обидоа да го спречат одобрувањето на резултатите од минатогодишните претседателски избори. Во врска со инцидентот, демократите почнаа постапка за импичмент на Трамп. Сепак, Сенатот на Конгресот не ја поддржа иницијативата.  си/

Остани поврзан