Софија Вергара ја истакна бојата којашто е тренди и оваа сезона
- Таа ја усогласи бордо тоалетата со елегантен „макси“ капут во истата нијанса и мала сребрена чанта.
Париз, 30 декември 2024 (МИА) - Бордо e бојата што беше апсолутен хит во ова есен, а се чини совршена и за зимскиве денови, како што тоа го докажа Софија Вергара. Колумбиската глумица го привлече вниманието со својот бордо фустан по роденденската вечера во Париз, каде што присуствуваше оваа сабота.
Актерката се прошета во тесниот фустан, со цветен украс на вратот, а фотографите ја сликаа додека го напушташе ресторанот „Монден“ во француската престолнина. Таа ја усогласи тоалетата со елегантен „макси“ капут во истата нијанса и мала сребрена чанта.
Бордо стана синоним за софистицираност и силно изразена елеганција, моќ и луксуз. И дизајнерските куќи како „Ив Сен Лоран“, „Ферагамо“, „Гучи“ и „Том Форд“ го потврдија трендот со таа боја, создавајќи привлечни парчиња облека со бордо нијанси на своите модни ревии изминатава 2024 година, коишто ги воодушевија модните критичари ширум светот.
Познатите дами како Кејт Мидлтон ја истакнаа бојата во неколку наврати, а сега и Софија покажа како да се комбинира или да се носи цела облека во само една боја, велат познавачите. си/
Фото: „Х“