• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Софија Вергара и Луис Хамилтон, наводно, раскинале

Софија Вергара и Луис Хамилтон, наводно, раскинале

Лос Анџелес, 27 март 2025 (МИА) - Врската меѓу колумбиско-американската глумица Софија Вергара и британскиот возач на Формула 1 Луис Хамилтон, кој е 12 години помлад од неа, наводно, завршила, пренесува „Рејдар-онлајн“ (RadarOnline).

Според американските медиуми, Хамилтон (40) и Вергара беа видени заедно во јануари, што ги поттикна гласините дека се во врска. Извор близок до парот открива дека, сметајќи го за „совршено момче и вистински улов“, познатата глумица е подготвена дополнително да ја развива врската со Хамилтон. Но, наводно, интересот на поранешниот светски Формула 1 шампион брзо исчезнал, а Вергара се почувствувала „напуштено“.

Инаку, во октомври 2023 година, Софија се разведе од Џо Манганиело, со кого беше седум години в брак. Само три месеци по разводот, се појавија гласини за нејзината врска со докторот Џастин Салиман. Но, на крајот на октомври 2024 година, за „Ас викли“ (Us Weekly), таа откри дека веќе не се заедно.

Хамилтон претходно беше во подолга врска со пејачката Никол Шерцингер, со која раскина во 2016 година. Покрај тоа, тој беше поврзуван и со други познати личности, меѓу кои и Џиџи Хадид, Ријана, Шакира.  си/сд/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок

Остани поврзан