• понеделник, 23 декември 2024

СОС Детско село одбележува 19 години постоење

СОС Детско село одбележува 19 години постоење
Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) - СОС Детско село денеска одбележува 19 години постоење и работа со деца без родители и родителска грижа, поддршка на семејства во социјални ризици и млади на кои им е потребна поддршка во осамостојувањето и интеграција во заедницата. За овие 19 години посветеност СОС Детското село, како што соопшти, создаде топол дом, љубов и грижа за 200 деца без родители и родителска грижа, поддршка на повеќе од 60 млади без родители и родителска грижа а на почетокот на нивниот независен живот беше тука за вкупно 35 млади лица. СОС Детско село посочи дека досега има поддржано и 313 семејства во социјален ризик со вкупно 911 деца, помогна на 470 млади невработени лица, отвори 56 мали бизниси и вработи 155 лица.бт/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан