• петок, 05 декември 2025

Сообраќајот за тешки товарни возила на ГП Блаце се пренасочува преку бензинската пумпа Дизел

Сообраќајот за тешки товарни возила на ГП Блаце се пренасочува преку бензинската пумпа Дизел

Скопје, 12 август 2025 (МИА) - Утрово, од 6:49 часот сообраќајот за тешки товарни возила на граничниот премин Блаце се пренасочува преку бензинската пумпа Дизел.

Како што соопшти АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце се чека околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан