• понеделник, 16 март 2026

Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот по наместа влажни коловози
Скопје, 2 октомври 2021 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат утрово од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/

Остани поврзан