• петок, 17 мај 2024

Солскјер задоволен од триумфот над Тотенхем

Солскјер задоволен од триумфот над Тотенхем
Лондон, 31 октомври 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изрази задоволство од саботниот триумф од 3-0 на гостувањето кај лондонски Тотенхем, оценувајќи дека неговите фудбалери одиграле брилијантен натпревар. - Кога ќе победите со 3-0 и притоа ќе ја држите топката далеку од сопствениот гол, тоа е задоволително. Во фудбалот некогаш работите ви одат од рака, а понекогаш се против вас. Напорно работевме оваа недела и играчите беа брилијантни, изјави Солскјер. Јунајтед поведе во 39. минута преку Кристијано Роналдо, кој потоа му асистираше на Едисон Кавани за 2-0 во 64. минута, а конечниот резултат го постави Маркус Рашфорд во 87. минута на асистенција на Немања Матиќ. ег/паг/

Остани поврзан