• петок, 22 ноември 2024

„Создаваме град, градиме иднина!“ во Кинотека

„Создаваме град, градиме иднина!“ во Кинотека
Скопје, 18 септември 2022 (МИА) - Меѓународното здружение на граѓани „Културно Ехо“  вечер во Кинотека ќе реализира културно-едукативен настан по повод проектот „Создаваме град, градиме иднина!“, чија тема е новиот генералeн урбанистички план за Скопје, од 2023 до 2032 година. -Проектот има за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел е да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот, наведуваат од Кинотека. Предвидени се проекција на интерактивен документарен филм кој ќе обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс, како и работилница на тема „Што претставува ГУП и зашто е важен? Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот“. Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира меѓународното здружение на граѓани Културно Ехо - Скопје во соработка со здружението Ситископ - Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост - трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро, со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество - Македонија. мч/са/    

Остани поврзан