• недела, 22 декември 2024

Советот на Град Скопје не ги донесе одлуките за воведување на БРТ и набавка на еко-автобуси (ДПЛ)

Советот на Град Скопје не ги донесе одлуките за воведување на БРТ и набавка на еко-автобуси (ДПЛ)

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Советот на Град Скопје на денешната седница не ја донесе Одлуката за давање согласност за склучување на договор за имплементација  на проектот воведување на Брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. „За“ одлуката гласаа 14 советници, четири @против“ и двајца воздржани. Против оваа одлука гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, од Зелен хуман град и Левица. Советниците не ја донесоа и Одлуката за набавка на еко-автобуси. „За“ Одлуката гласаа 20 советници, пет воздржани и ниту еден „против“. 

БРТ системот, кој беше проект на претходниот градоначалник Петре Шилегов е едно од решенијата за намалување на сообраќајниот хаос во главниот град, а ова е трета година како не се спроведува и се плаќаат пенали. Парите за БРТ стојат, а од државниот буџет се плаќаат пенали – по 350 илјади евра годишно камата на ЕБОР, бидејќи кредитот во висина од 70 милиони евра е земен, но проектот не се реализира.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска нагласи дека @ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Советот на град Скопје денеска докажаа дека единствена политика која ја водат е политиката на инает со граѓаните на градот Скопје#. Според неа, ВМРО-ДПМНЕ ниту прифаќа предлози за набавка на автобуси, ниту пак предлагаат решение.

-Наместо предлог, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција одлучија да ги остават граѓаните на улица да чекаат стари автобуси по еден час, на плус 40 и на минусни температури. Побаравте наместо од задолжување автобуси да се набават од сопствено финансирање, сега барате и конкретен извор. Ви дадовме можност да одберете банка, да изготвите спецификација, да оформите комисија и слично, сѐ да направите вие, а јас само да ја потпишам таа јавна набавка. За да повеќе нема оправдувања, јас од оваа говорница нема да се тргнам сѐ додека не кажете каква одлука сакате, ќе ги прифатам сите амандмани, подготвени сме да направиме и ребаланс на Буџетот, за да гласате. Тоа е единствениот начин денеска да знаеме кој сака да се реши проблемот со јавниот превоз во Град Скопје, а кој не, рече градоначалничката. 

Арсовска истакна дека советниците ако имаат забелешка нека поднесат амандман за да се корегира тоа што не чини во предлог-одлуките и програмите.

-Ако има забелешка, се дава амандман, кажете што не чини за да се корегира. Ќе седиме 24 часа тука, ќе работиме и ќе ја завршиме документацијата онака како што на вас ви одговара. Средствата за паушалот за советниците се зголемил од 500 на 600 евра, значи денеска за да дојдете и гласате тука земате 600 евра. Имате мнозинство, очигледно е тоа, а денеска би сакала да покажете пред граѓаните, затоа што убаво ве замоли вашиот претседател на партијата да гласате. Сите ќе седиме тука за да ни кажете забелешки, да донесеме и ребаланс ако треба и оваа одлука  да се промени како што вие сакате за да ја гласате и да видат граѓаните кој е тука за да им ги реши проблемите, а кој е тука за да прави проблеми. Срамот е на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која го формира мнозинството во Советот на град Скопје. Граѓаните од денес се сигурни и знаат дека чекаат автобуси на горештини и во студ бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не гласа за нови автобуси бидејќи се подготвени да ги жртвуваат здравјето и животот на граѓаните за политички поени, истакна Арсовска.

На говорот на Арсовска реагираше советникот на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски, кој нагласи дека нејзините изјави дека некој бојкотирал или не оти се само еден обичен пиар. Потоа, градоначалничката Аровска ја напуштила седницата на Советот на Град Скопје. Стојановски побара решение за од втори септември.

-Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година  од сега. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат решение за превозот во градот за од втори септември, а не за до година. Значи еве го листот и напишете, кажете решение за од втори септември, рече Стојановски.

-Нема да го поддржиме овој предлог за воведување на БРТ системот, затоа што без разлика што постојано нѐ обвинувате дека немаме став, нашиот став е дека граѓаните не го поддржаа овој систем, затоа и ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, рече советникот Филип Јаневски од ВМРО-ДПМНЕ. 

Këshilltarja e LSDM-së në Këshillin e Qytetit të Shkupit, Lubica Jançeva, para fillimit të seancës së Këshillit në një deklaratë për mediat i porositi këshilltarët e VMRO-DPMNE-së që t'i japi

Советничката од СДСМ Љубица Јанчева смета дека со набавка на нови автобуси кои би сообраќале по старите траси, проблемот со јавниот транспорт нема да се реши. 

-Имаме готов проект за БРТ, за кој има пари и во сумата се вклалкулирани и 50 нови автобуси. А за тој проект, кој е одобрен плаќаме пенали. Инаку потребен е нов концепт за јавен превоз, не само набавка на нови автобуси. Она што му е потребно на Скопје и на сите кои го користат јавниот превоз е нов концепт за брз, ефикасен и еколошки превоз, рече советничката од СДСМ Љубица Јанчева. Одговори и на прозивките дека со изградба на трасата на БРТ ќе се уништело средишното зеленило, затоа што планот предвидува засадување зеленило на голем дел од трасата.

Драгана Велковска од Зелен хуман град смета дека договорот за БРТ е постигнат без јавна дебата, исклучително нетранспарентно, зад затворени врати и смета дека е БРТ решението е натурено, а нема стручна студија за неговата оправданост. Таа смета дека зелениото кое ќе биде уништено е повеќедецениско, а не може да се замени со нови садници. Таа побара основна студија и кога ќе може да биде изработена, па за неа да се дискутира.

Советникот на Левица, Ванчо Спасески истакна дека нема да го поддржат овој предлог затоа што, како што рече, дека при ваков нерегулиран градски јавен превоз да се бара брз превоз е претенциозно.

Советот на Град Скопје и попладнево одржува седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси. 

Градоначалничката Данела Арсовска на 22 овој месец на координација со советничките групи го претстави планот за излез од кризата во градот Скопје недоволниот број автобуси поради што мораат да чекаат и по повеќе од половина час, а исто така имаше и коментари за хигиената во градот. фф/лв/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан