• среда, 18 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Советот за човекови права на ОН усвои две палестински резолуции

Советот за човекови права на ОН усвои две палестински резолуции

Њујорк, 5 април 2025 (МИА) - Советот за човекови права на Обединетите нации усвои две резолуции презентирани од Палестина, со кои се потврдува незаконитоста на израелската окупација и се поддржува правото на палестинскиот народ на самоопределување.

Првата резолуција признава дека израелската окупација на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, е против меѓународното право и мора да престане.

Исто така, се повикува на конфискација и бојкот на „субјектите кои работат во нелегални израелски населби“ и се повикуваат на одговорност сторителите на насилството меѓу израелските доселеници.

Оваа резолуција беше усвоена со 34 гласа „за“, 10 земји беа „воздржани“, а три беа „против“.

Во втората резолуција се изразува поддршка за неотуѓивото право на Палестинците сами да ја одредуваат својата судбина, вклучително и нивното право да основаат независна држава и да живеат во слобода, правда и достоинство.

Таа беше усвоена откако доби 43 гласа за поддршка, при што две земји беа „воздржани“ и две „против“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан