• понеделник, 23 декември 2024

Советникот на Трамп, Стив Бенон осуден на четири месеци затвор поради непочитување на Конгресот

Советникот на Трамп, Стив Бенон осуден на четири месеци затвор поради непочитување на Конгресот
Вашингтон, 21 октомври 2022 (МИА) - Американскиот десничарски популист Стив Бенон, некогашен стратег на поранешниот претседател Доналд Трамп, денеска е осуден на четири месеци затвор затоа што одби да соработува со конгресмените кои го истражуваа минатогодишниот напад врз Капитол од страна на поддржувачите на Трамп. Судијата на Окружниот суд Карл Николс, исто така, му нареди на Бенон да плати казна од 6.500 долари. Тој беше осуден од поротата во јули по две точки од обвинението за непочитување на Конгресот - затоа што не сведочел и не ги обезбедил бараните документи. Бенон (68) беше клучен советник во претседателската кампања на републиканецот Трамп во 2016 година, а во текот на 2017 година беше главен стратег на Белата куќа. паг/  
 

Остани поврзан