• четврток, 18 јули 2024

Совети за поуредна и поубава бања

Совети за поуредна и поубава бања
Лос Анџелес, 29 март 2022 (МИА) - Просторот кај туш-кабините и кадите обично е преполн со шампони, регенератори и разни други козметички производи, поради што бањата понекогаш изгледа неуредно. Дизајнерката Хулија Соуса советува овие пластични шишиња да ги замените, всушност - со стаклени, за бањата да изгледа поуредно и поубаво. - Ова ќе го максимизира просторот и ќе му даде подобар изглед, вели Хулија. Таа предлага да се купат стаклени шишиња со пумпа и кои може да се полнат со производите за хигиена. За да изгледа тоа поестетски уште поубаво, познавачот препорачува - сите да бидат исти, а означени. Овој метод може да биде одличен начин за намалување на просторот којшто пластичните шишиња го зафаќаат просторот во бањата.  си/

Остани поврзан