• сабота, 22 март 2025

Собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Скопје, 22 март 2025 (МИА) - Досега се собрани 51.822.579  денари за  за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст. 

Оттаму информираат дека се во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот.

Повикуваат и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите и упатуваат голема благодарност до сите кои донираа.лв/

фото:МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан