• петок, 22 ноември 2024

Собрани 245.000 денари за секој даден гол на Македонската репрезентација на европското првенство во ракомет

Собрани 245.000 денари за секој даден гол на Македонската репрезентација на европското првенство во ракомет
 Скопје, 16 јануари 2022 (МИА) - За хуманитарни цели компанијата „Mozzart“ собира по 5.000 денари за секој даден гол на Македонската репрезентација на европското првенство во ракомет. Од двата досега одиграни натпревари на репрезентацијата собрани се 245.000 илјади денари за постигнати 49 гола.  Со оваа традиционална акција, како што соопшти компанијата „Mozzart“, се обидува да се извлече најдоброто од спортистите, но и да се помогне онаму каде е најмногу потребно. Филип Кузмановски, еден од најдобрите стрелци на нашата репрезентација, испрати порака за поддршка пред заминувањето за Унгарија. -Мило ми е што сум вклучен во овој хуманитарен настан на „Mozzart“. Пред една година имавме успешна донација, а средствата завршија за лекување на малиот Михаил од Тетово. Сакам да им се заблагодарам на „Mozzart“ што ме избраа да учествувам во оваа хуманитарна акција. Јас и моите колеги, како и на секој меч досега за Македонија, така и на Европското првенство, ќе го дадеме максимумот за што подобар резултат и повеќе голови, а со тоа и износот на донацијата ќе биде поголем, изјави левиот бек Кузмановски. Следниот натпревар е на 17 јануари против селекцијата на Данска, во 20:30 часот. мд/бт/

Остани поврзан