• сабота, 06 декември 2025

Собранието ќе одржи продолжение на 53. седница

Собранието ќе одржи продолжение на 53. седница

Скопје, 17 јуни 2025 (МИА) - Собранието денеска треба да одржи продолжение на 53 седница со расправа по неколку предлог закони, меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка. 

Во преостанатите точки на дневен ред на седницата се Предлог на законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, во прво читање, предложен од пратеници од СДСМ, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, прво читање, Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2026 - 2030 година. 

На продлжението на 53. седница пратениците треба да дебатираат и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, и Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, второ читање. лв/мд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан