• понеделник, 23 декември 2024

СНС и СПС со одделни листи на парламентарните избори во Србија

СНС и СПС со одделни листи на парламентарните избори во Србија
Белград, 22 февруари 2020 (МИА) - Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на претстојните парламентарни избори во Србија ќе настапат одделно, изјави за Танјуг потпретседателот на СНС, Милош Вучевиќ. Тој истакна дека таква одлука е донесена утрово на состанокот меѓу претставници од двете партии. - Почитувајќи го политичкиот идентитет на СНС и СПС, и имајќи ја предвид политичката сила на едната и другата партија, договорено е СНС и СПС да одат одделно на претстојните избори, односно секој со своја листа, но сме подготвени по изборите да разговараме за продолжување на соработката, нагласи Вучевиќ, кој најави дека во текот на викендов СНС ќе ги продолжи разговорите со останатите коалициски партнери. Инаку, предлог за составување заедничка листа на двете партии на изборите даде српскиот шеф на дипломатијата и лидер на социјалистите Ивица Дачиќ уште кон крајот на минатата година. - Јас предлагам да одиме заедно на изборите за да не се случат проблеми и да се види дека нема причина некој да ме сомничи оти одам со опозицијата, изјави тогаш Дачиќ. гт/

Тагови

Остани поврзан