• сабота, 22 февруари 2025

Снегот го зголеми нивото на реките

Снегот го зголеми нивото на реките

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) - Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека реката Вардар има повисоко ниво во однос на просекот за јануари кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија.

Покачени се водостоите и на реката Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања и на Црни Дрим кај Ложани.

Намалени се водостоите на Крива Река кај Крива Паланка, на Пчиња кај Пелинце и на Црна Река кај Новаци.

Водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро се во рамки на јануарскиот просек. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан