Слот го остави Киеза во Ливерпул поради ситна повреда
- По поразот од Кристал Палас (1:2) во саботниот натпревар во Премиер лигата шампионот на Англија, Ливерпул го очекува утре (вторник) дуел од второ коло од Лигата на шампионите
Ливерпул, 29.септември 2025 (МИА) – По поразот од Кристал Палас (1:2) во саботниот натпревар во Премиер лигата шампионот на Англија, Ливерпул го очекува утре (вторник) дуел од второ коло од Лигата на шампионите. „Црвените“ му гостуваат на Галатасарај во Истанбул.
Еден од играчите кој е во добра форма во тимот на менаџерот Арне Слот, Федерико Киеза сепак остана во Ливерпул. Причината е ситна повреда добиена на дуелот со Кристал Палас, а играчот не го завршил и денешниот тренинг.
Инаку, Киеза дополнително беше ставен во составот на Ливерпул за Лигата на шампионите откако во вторникот се повреди Џовани Леони. Слот својата одлука за да не го земе Киеза во Истанбул ја образложил дека в сабота ги очекува и дерби дуел со Челзи.
Киеза досега во сезоната има одиграно шест натпревари или 63 минути, а постигна два гола и има две асистенции. мн/
Фото: ЕПА