• сабота, 23 ноември 2024

Слободан Аврамоски прв заменик директор во ЈПВ „Студенчица“

Слободан Аврамоски прв заменик директор во ЈПВ „Студенчица“
Кичево, 26 март 2021 (МИА) - Дипломираниот економист од Кичево, Слободан Аврамоски, е првиот заменик директор во кичевското ЈПВ „Студенчица“, откако кон крајот на јануари  дојде до директорска смена и на местото на Урим Хмеди беше поставена Ардита Дани, Тој во неговиот работен век бил ангажиран како раководител на експозитурата на „Комерцијална банка“ во Кичево во периодот 2004 -2005 година а, во преостанатиот дел од работниот век бил ангажиран во сопствено претпријатие за сметководствени услуги. Откако Владата даде зелено светло за отворање на новото работно место, деновиве треба да го потврди и Управниот одбор на „Студенчица“, по што ќе бидат надминати сите пречки за именување на Аврамоски на новата работна позиција. Ова претпијатие со 60 вработени има основна задача да врши водоснадување на околу 160.000 жители од југозападниот дел на земјава. за/цр  

Остани поврзан