Славевски: Советот на Град Скопје има услови и технички можности за комбинирано работење
- Нема многу простор за политика туку се занимаваме со прашања поврзани со проблемите на граѓаните. Работиме со физичко присуство и досега никој немал здравствен проблем. Сега имаме и директен
Скопје, 12 јануари 2022
Нема многу простор за политика туку се занимаваме со прашања поврзани со проблемите на граѓаните. Работиме со физичко присуство и досега никој немал здравствен проблем. Сега имаме и директен пренос на седниците на ЈуТјуб каналот на Град Скопје, а обезбедивме и превод на албански јазик, вели Трајко Славевски претседавач на советот на Град Скопје.
Ние очекувавме повеќе информации од Комисијата за заразни болести од вчерашната седница и мислам дека е неодговорно да не донесат никаква одлука како треба да се однесуваме при ова ширење на омикрон сојот. Ние како Совет имаме услови и технички можности за комбинирано работење, т.е. ако некој од советниците не може да дојде може да се вклучи преку интернет, вели Славевски.
Во однос на состојбата со парното греење во општина Чаир, Славевски вели дека проблемот со парното мора да се реши трајно.
Сум живеел во Чаир и добивавме парно од Скопје-Север и граѓаните беа задоволни. Но, имаше пад на цената на струјата и луѓето се исклучија. Во Грција, на пример, има законска обврска ако има парно греење мора да го користите тој систем за затоплување. Кај нас нема таков закон. Ова е акутна ситуација. Според законот за Град Скопје има една цртичка каде вели дека во надлежност на градот е и оваа дејност со затоплувањето. Но има такви правни процеси кои ни по десет години сѐ уште не ги има решено овие проблеми. Граѓаните ги користат сите извори на енергија, но немаме ресурси да помогнеме, објасни Славевски.
Славевски посочи дека вината се префрла врз Град Скопје, но дека владата е таа која може да се задолжи, односно како што нагласи тој се спомнала сума од 9 милиони евра а не се знаело точно дали се тоа месечно или за целата сезона.
Се забележува дека има дисонанца за начините на решавање на овој проблем. Се префрла вина на Град Скопје. Но, Владата е онаа која може да се задолжува. Она вчера што беше кажано дека има одлука за надомест на разликата во цената, беше спомената сума од 9 милиони евра, а ние не знаеме дали е тоа месечно или за цела сезона. Тоа е политичко прашање, оти ако од средства на граѓанит се дотира кај приватни претпријатија тоа може да го прави само владата, рече тој.
Трајко Славевски, претседавач на Советот на Град Скопје
_________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.