• среда, 26 јуни 2024

Слаб снег на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец

Слаб снег на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец
Скопје, 5 март 2022 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интезитет врне на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од наша страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.вј/

Остани поврзан