Слаби врнежи од снег на Ѓавато, Плетвар, Буково и Крушево
- Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека слаби врнежи од снег има во Крушево, Буково, Ѓавато и на Плетвар.

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека слаби врнежи од снег има во Крушево, Буково, Ѓавато и на Плетвар.
Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Според информациите на ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. бак/
Фото: МИА архива