• четврток, 17 јули 2025

Скопје подготвено за Европско првенство во џудо за кадети

Скопје подготвено за Европско првенство во џудо за кадети

 

Скопје, 21 јуни 2025 (МИА) – Во најдобар ред течат подготовките за организација на Европското кадетско превентивно во џудо, кое од 26 до 29 јуни ќе се одржи во Скопје, информираше денеска Организацискиот одбор.

Под слоганот „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ја покажат својата сила, техника и спортски дух.

Скопје ќе биде домаќин на 40 репрезентации од вкупно 51 земја членки на Европската џудо федерација, а според последните информации околу 500 млади џудисти ќе се борат за медали.

Заедно со нивните тренери и членови на стручните штабови, претставници на федерациите, но и првите луѓе на Европската џудо федерација, вкупната листа на гости што ќе пристигнат во Скопје се очекува да биде околу 700.

Репрезентациите го најавија своето пристигнување веќе од понеделник, а прва ќе пристигне селекцијата на Русија. ег

ФОТО: ЏФСМ

Остани поврзан