• петок, 22 ноември 2024

Скопјанец осуден за загрозување на сигурноста

Скопјанец осуден за загрозување на сигурноста
Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) - Постапувајќи по обвинителен предлог поднесен од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе првостепена пресуда со која обвинетиот Д.Д. е прогласен за виновен за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пресудата, како што соопшти Јавното обвинителство, е донесена по признание на вина од страна на обвинетиот 45-годишен скопјанец. -Во временскиот период од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година, обвинетиот во повеќе наврати, со коментари на својот профил на социјалната мрежа фејсбук се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна против оштетениот, тогаш вршител на функцијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија. Со објавените фотографии и коментари тој директно повикувал на физичка ликвидација на оштетениот, соопшти Јавното обвинителство. Со донесената пресуда, Основниот кривичен суд Скопје на обвинетиот му изрекол алтернативна мерка – условна осуда со која му утврдил казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку во следните три години по правосилоноста на пресудата тој не стори ново кривично дело.​бт/дма/

Остани поврзан