• недела, 29 декември 2024

Ски-скокачот Жила го освои мундијалското злато на малата скокалница во Оберздорф

Ски-скокачот Жила го освои мундијалското злато на малата скокалница во Оберздорф
Оберздорф, 27 февруари 2021 (МИА) – Полскиот ски-скокач Пјотр Жила е победник на натпреварот од Светското првенство на малата скокалница во Оберздорф. Жила до златото стигна со скови од 105 и 102,5 метри или вкупно 268,8 бода. Второто место и сребрениот медал му припадна на домашниот натпреварувач Карл Гајгер со 265,2 бода (103.5 и 102 метри). Бронзениот медал го освои третопласираниот Анже Ланишек од Словенија кој забележа скокови со должина 102,5 и 101 метар доволни за 261,5 бода. зс/

Остани поврзан