• понеделник, 23 декември 2024

Скенирај и плати брзо – нова можност за брзо плаќање со помош на скенирање

Скенирај и плати брзо – нова можност за брзо плаќање со помош на скенирање
Скопје, 5 мај 2021 (МИА) - ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе нова можност за корисниците. На фактурите за месец април е поставен персонализиран QR код со чие скенирање преку мобилен телефон корисниците директно се поврзуваат со електронската услуга инстант плаќање и имаат можност брзо да го реализираат плаќањето без провизија. -ЈП Водовод и канализација – Скопје како јавно претпријатие во служба на граѓаните ја зголемува достапноста на своите услуги за своите корисници. Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на фактурите веќе се достапни и преку самоуслужните киосци за наплата поставени на неколку локации низ градот - СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје, стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација. свс/ац/

Остани поврзан