• петок, 05 декември 2025

Си Џинпинг во Казахстан на самитот Кина-Централна Азија

Си Џинпинг во Казахстан на самитот Кина-Централна Азија

Пекинг, 16 јуни 2025 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска замина за Астана за да присуствува на вториот самит Кина-Централна Азија.

Кина во последните години ги засили своите дипломатски напори во Централна Азија, регион богат со јаглеводороди и клучен за транспорт на стоки меѓу Европа и Азија, што традиционално е зона на руско влијание.

Си ќе одржи билатерални разговори пред самитот, кој започнува утре, соопшти казахстанското претседателство.

Ќе присуствуваат и шефовите на државите на Киргистан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан.

Централна Азија игра клучна улога во иницијативата на Кина „Појас и пат“, која има за цел да изгради инфраструктура во земјите во развој.

Порано дел од Руската империја, а подоцна и од Советскиот Сојуз, петте централноазиски републики одржуваат блиски економски, јазични и дипломатски врски со Москва.

Сепак, тие исто така се стремат да ја намалат својата зависност од Русија и да ги зајакнат партнерствата со други земји. Овој тренд се забрза од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан