Си: Кина ја поддржува централната улога на ОН во меѓународните односи
- „Кина ќе остане сигурен партнер на ОН“, рече Си.
Пекинг, 30 август 2025 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во разговор со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека Кина ја поддржува централната улога на светската организација во меѓународните односи, како и „вистинскиот мултилатерализам“, објави CCTV.
„Кина ќе остане сигурен партнер на ОН“, рече Си.
Кинескиот претседател и Гутереш се сретнаа во Тјанџин.
Британските медиуми наведуваат дека Гутереш е во Кина за да учествува на самитот на Шангајската организација за соработка, што ќе се одржи од 31 август до 1 септември. сд/
фото:ЕПА