• понеделник, 23 декември 2024

Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите

Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите. 

Одлуката, како што информира денеска претседателкиот кабинет, е согласно Законот за управување со кризи, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.

- Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на Армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот, се вели во соопштението.

Според последните информации од ЦУК, само во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, седум се под контрола, 30 се изгаснати. мд/са/

Фото: кабинет на Сиљановска Давкова

 

 

Остани поврзан