• петок, 05 декември 2025

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

Скопје, 29 јуни 2025 (МИА) -Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации ќе се одржи во Севиља.

Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова, вечерва, таа ќе присуствува на официјалниот прием, којшто за шефовите на делегациите, го приредува кралот на Шпанија, Фелипе VI и кралицата Летиција.

-Целта на лидерскиот собир е изнаоѓање на решенија за справувањето со финансиските предизвици во исполнувањето на Целите за одржливиот развој и Агендата 2030, реформирање на меѓународната финансиска архитектура и поттикнување на инвестиции од страна на приватниот сектор, стои во соопштението.

На Конференцијата, на којашто е најавено учество на педесетина шефови на држави и влади, претставници на меѓународните организации, на бизнис заедниците и граѓанското општество, треба да биде усвоен „Договорот од Севиља“.

Во рамки на посетата, предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да одржи билатерална средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез. вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан