• недела, 22 декември 2024

Сијарто ја критикуваше Фон дер Лајен поради отфрлувањето на Вархеји од функцијата еврокомесар

Сијарто ја критикуваше Фон дер Лајен поради отфрлувањето на Вархеји од функцијата еврокомесар

Будимпешта, 18 септември 2024 (МИА) - Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека го отфрлила Оливер Вархеји за комесар за проширување на ЕУ, велејќи дека нејзината одлука е дел од „лицемерието на Брисел“.

„Земјите од Западен Балкан чекаа 14,5 години за членство во ЕУ, што покажува колку мнозинството во блокот е против проширувањето“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција одржана денеска во Будимпешта со српската министерка за економија Адријана Месаровиќ.

Тој смета дека јавните изјави на претставниците за проширување на ЕУ се во спротивност со она што тие го кажале зад затворени врати. Исто така, посочи дека земјите кои беа најнапредни во процесот на пристапување сакаат Вархељи да продолжи да ја врши својата сегашна функција.

Министерот рече дека Унгарија ќе направи се што може „за да обезбеди што поскоро приклучување на земјите од Западен Балкан во Европската унија“.

Според него, секоја земја членка има право да назначи комесар и да одлучи кого да именува. „Значи, ќе започнам со претпоставката дека фантастично посветените демократи во европските парламенти нема да го негираат ова суверено право...“, рече Сијарто. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан