• недела, 22 декември 2024

Сијарто: Унгарија е шокирана од изјавите за испраќање западни војници во Украина

Сијарто: Унгарија е шокирана од изјавите за испраќање западни војници во Украина

Минск, 29 мај 2024 (МИА) - Унгарија е шокирана од изјавите за испраќање западни војници во Украина, за можна употреба на нуклеарно оружје или дури и за воведување задолжителна воена служба во Европа, изјави денеска во Минск шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.

На прес-конференцијата со неговиот белоруски колега Сергеј Алејник, Сијарто кажа дека двете земји секојдневно се соочуваат со „драматичните последици“ од војната во Украина, се наведува во соопштението на унгарското Министерство за надворешни работи, пренесено од унгарските медиуми.

-Ние Унгарците веќе плативме огромна цена, без разлика што тоа воопшто не е наша војна... Целта на Унгарија е јасна: сакаме да се држиме настрана од таа војна во соседна Украина, рече Сијарто.

Тој посочи дека војната нема воено решение, додавајќи дека „на бојното поле има само смрт и уништување“.

Но, „додека сме во владата во Унгарија, нема да дозволиме ниту еден Унгарец да биде одведен на украинско-рускиот фронт. Цврсто протестираме против воведувањето задолжителна воена служба во Европа“, рече тој.

-Патот кон мирот започнува со прекин на огнот, а потоа следуваат мировни преговори, рече тој и побара од Белорусија „да направи се за да се осигура дека војната, страдањето и бесмислените убиства ќе завршат во Украина и дека сите можеме да живееме во мир во повторно регионот“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан