Сити се поврзал со Погба
- Шефовите на Манчестер Сити контактирале со луѓе блиски до Пол Погба за да ја истражат ситуацијата околу играчот, неговата кондиција и неговата склоност да му се приклучи на клубот во наредните недели, објави весникот „Сан“. Шампионите итно бараат засилување во средниот ред откако Родри заработи тешка повреда на стартот од кампањата и тоа значително придонесе за извонредното влошување на формата и резултатите на „граѓаните“.
Манчестер, 15 декември 2024 (МИА) - Шефовите на Манчестер Сити контактирале со луѓе блиски до Пол Погба за да ја истражат ситуацијата околу играчот, неговата кондиција и неговата склоност да му се приклучи на клубот во наредните недели, објави весникот „Сан“. Шампионите итно бараат засилување во средниот ред откако Родри заработи тешка повреда на стартот од кампањата и тоа значително придонесе за извонредното влошување на формата и резултатите на „граѓаните“.
Тимот на Пеп Гвардиола забележа седум порази во последните десет натпревари, што е невидено за време на неговиот престој на „Етихад“. Токму оваа ситуација најверојатно ќе ја натера управата на Манчестер Сити да го отвори ќесето во јануарскиот преоден рок и да се засили со барем еден играч во средниот ред. Другите имиња кои се споменуваат се оние на ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш и Мартин Субименди од Реал Сосиедад.
Изданијата на Островот додаваат дека самиот Погба ја слушнал понудата на „граѓаните“, но барем засега не е особено склон да се врати во Премиер лигата, врз основа на тежината на шампионатот во Англија и неговата историја со градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Французинот претпочита понуди од Ла Лига, Серија „А“ или Бундеслигата. Тој во моментов се уште ја отслужува својата забрана за допинг, која првично беше четири години, но подоцна беше намалена на 18 месеци. Погба е слободен играч откако пред неколку недели постигна договор со Јувентус за раскин на договорот. дс
Фото: Архива