• недела, 22 декември 2024

Сите во Сампдорија се излечени од КОВИД-19

Сите во Сампдорија се излечени од КОВИД-19
Џенова, 14 април 2020 (МИА) - Излечени се сите фудбалери на Сампдорија, кои биле заразени со коронавирус, според тренерот на тимот од Џенова, Клаудио Раниери. - Сите наши играчи се излекувани. Јас бев многу тажен кога дознав дека има заразени фудбалери на тимот, но фала му на Бога, сè е во ред, прокоментира Раниери. Првиот позитивен тест за КОВИД-19 на играч на тимот беше напаѓачот Маноло Габиадини минатиот месец, а после тоа стана јасно дека се заразени и Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина, Мортен Торсби, Фабио Депаоли и Бартош Берешински.

Остани поврзан