• петок, 05 декември 2025

Сирски: Постигнуваме успеси во Суми, ослободуваме украинска територија

Сирски: Постигнуваме успеси во Суми, ослободуваме украинска територија

Киев, 12 август 2025 (МИА) – Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија - особено во правецот кон Суми, каде што се спроведуваат активни операции и постигнуваат успеси во напредувањето и ослободувањето на украинските територии, соопшти Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, на социјалната мрежа Фејсбук.

Според украинските медиуми, Сирски го напишал соопштението по состанокот на Штабот на Врховниот командант.

„Тешко е. Но, го задржуваме непријателот. Спроведуваме активни операции во правец на Суми и постигнуваме одредени успеси во напредувањето, во ослободувањето на украинската земја“, нагласи Сирски.

Според него, единиците што учествуваат во борбените операции ќе добијат дополнителни средства.

„Според наредбата на претседателот, секоја бригада ќе добие дополнителни седум милиони гривни (околу 145 илјади евра) за секој батаљон што учествува во борбените операции“, објави Врховниот командант на вооружените сили на Украина.

Тој, исто така, извести дека се подготвуваат одлуки за други потреби и прашања што беа покренати за време на работните обиколки на единиците.

Дополнително, според него, се отстранува прекумерната бирократија од армијата.

„Постапката за наградување на борците кои ги заслужиле највисоките почести ќе биде подобрена и поедноставена со цел да се избегнат непотребни административни пречки. На седницата на Штабот, се согласивме и за потребата од скратување и дигитализација на постапката за отпишување на средства“, рече Сирски.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан