• понеделник, 23 декември 2024

Сириски хеликоптер соборен јужно од Идлиб

Сириски хеликоптер соборен јужно од Идлиб
Анкара, 11 февруари 2020 (МИА) - Бунтовниците поддржани од Турција денеска соборија хеликоптер во северозападна Сирија, за кој се претпоставува дека е на сириската армија. Турската телевизија „ТРТ Хабер“ јави дека хеликоптерот е соборен јужно од Идлиб. Телевизијата не наведе повеќе детали за инцидентот, што се случи еден ден откако силите на сириската Влада убија пет турски војници во северозападниот дел Сирија. ми/

Остани поврзан