• петок, 22 ноември 2024

Сириски: Украина се соочува со зголемени тешкотии во борбата против руската инвазија

Сириски: Украина се соочува со зголемени тешкотии во борбата против руската инвазија

Киев, 10 ноември 2024 (МИА) – Началникот на Генералштабот на украинската армија, генерал Олександар Сирски, изјави дека „Украина се соочува со зголемени тешкотии во борбата против руската инвазија“ додека руските сили напредуваат на фронтот и војниците од Северна Кореја се подготвуваат да се приклучат на воената операција на Кремљ.

„Ситуацијата е сè уште предизвикувачка и покажува знаци на ескалација. Непријателот, користејќи ја својата информативна предност, продолжува со офанзивните дејства и ги фокусира своите напори на правците на Покровск и Курахов“, му порача вчера Сирски преку Фејсбук на командантот на американската воена команда во Европа, генерал Кристофер Каволи, пренесоа британските медиуми.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето синоќешно редовно обраќање до јавноста рече дека командантот на украинската армија е фокусиран на одбраната околу градот Курахово, кој е една од целите на руските напади, и Покровск, логистичкиот центар на северот на земјата.

Тој ги осуди нападите врз цивилни цели и ги повика европските земји да обезбедат повеќе противвоздушни системи за украинската армија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан