• понеделник, 23 декември 2024

Сириските бунтовници го поставија Мохамад ал Башир на чело на преодната влада

Сириските бунтовници го поставија Мохамад ал Башир на чело на преодната влада

Дамаск, 10 декември 2024 (МИА) - Бунтовниците кои ја презедоа власта во Сирија денеска го назначија Мохамед ал-Башир на чело на преодната влада, а таму ќе остане до 1 март 2025 година, објави сириската телевизија.

Мохамад ал-Башир досега ја предводеше „Владата на спасот“ од бунтовничкото упориште Идлиб, во северозападна Сирија.

Сириската влада падна пред два дена, рано утрината, со што беше означен крајот на 50-годишното владеење на семејството Асад, откако во претходно бунтовниците изведоа запрепастувачки брза  офанзива низ целата сириска територија, доаѓајќи за десет дена и до главниот град Дамаск.

Соборениот сириски претседател Башар ал Асад со семејството замина во Москва, каде што доби азил.сд/

фото:Скриншот Телеграм

Остани поврзан