• понеделник, 23 декември 2024

Сириската централна банка гарантира сигурност на депозитите

Сириската централна банка гарантира сигурност на депозитите

Дамаск, 9 декември 2024 (МИА) - Сириската централна банка соопшти дека депозитите на граѓаните во банките се сигурни, само ден по соборувањето на претседателот Башар ал Асад.

„Депозитите на сириските граѓани во банките се заштитени“, соопшти Централната банка преку објава на Фејсбук.

Таа им наложи на комерцијалните банки да ја обноват работата од утре. ссм/

фото: принтскрин 

Остани поврзан