• сабота, 23 ноември 2024

Сиофра О’Лири ќе биде првата жена претседател на Европскиот суд за човекови права 

Сиофра О’Лири ќе биде првата жена претседател на Европскиот суд за човекови права 
Стразбур, 20 септември 2022 (МИА) – Во ноември првпат една жена, судија ќе стане претседателка на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Тоа е ирската судијка Сиофра О’Лири, која беше избрана на оваа функција, јави дописникот на МИА од Стразбур. О’Лири беше веќе потпретседателка на Судот со седиште во Стразбур од јануари ова година. Таа доаѓа на местото ма исландскиот судија Роберт Спано, кој ја извршуваше функцијата од пролетта 2020 година. Мандатот на претседателот на ЕСЧП е најмногу три години, но на О’Лири (53) ќе заврши во јули 2024 година, кога завршува нејзиниот деветгодишен мандат како судија во ЕСЧП, што започна во јули 2015 година. Судиите немаат право на реизбор. Претседателот на ЕСЧП го избираат 46 судии на Судот (по еден судија по земја-членка на Советот на Европа). Покрај репрезентативните функции, неговата мисија е да претседава со рочиштата на Големиот совет, кои се занимаваат со најчувствителните случаи на судот во Стразбур. За потпретседатели на ЕСЧП во понеделник беа избрани и луксембуршкиот судија Жорж Раварани и Словенецот Марко Бошњак. Тие ќе ја преземат функцијата на 1 ноември. тг/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан