• петок, 20 декември 2024

Синот на Шварценегер ослабе скоро до непрепознатливост

Синот на Шварценегер ослабе скоро до непрепознатливост

Лос Анџелес, 21 септември 2022 (МИА) - Синот на Арнолд Шварценегер, 24-годишниот Кристофер изминатава година следи строг режим на исхрана и вежбање, па сега ги покажа и резултатите од слабеењето по напорните тренинзи.

Кристофер е виден на роденденската забава на својот брат Патрик, во сива маица, сини фармерки и патики... Па, некои и не го препознаа на прв поглед, со оглед на тоа дека последниве години се бори со вишокот килограми. „Тој си постави цел - да живее поздраво и се држи до тоа. Почна да вежба и да прави подобар избор на храна. Пред тоа неколку години живееше како типичен студент, но сега расте и е подготвен да се грижи за себе. Тој не бил на тешка диета, но губи тежина, и тоа на старомоден начин, со намалување на нездравата храна и со вежбање“, открива неименуван извор за „Холивудлајф“ (HollywoodLife). Кристофер сега, вели пријателот, повеќе од кога било наликува на својот славен татко, кој изгради кариера со своето извајано тело.  си/

Остани поврзан