• понеделник, 23 декември 2024

Синот на Роберт Луј - Драјфус го купува Сандерленд

Синот на Роберт Луј - Драјфус го купува Сандерленд
Париз, 24 декември 2020 (МИА) – Кирил Луј – Драјфус и Сандерленд постигнаа договор, што на синот на поранешниот шеф на „Адидас“ и претседател на Олимпик Марсеј ќе му овозможи да стане мнозински акционер во англискиот клуб со само 22 години. Се очекува до средината на јануари, синот на Роберт Луј - Драјфус да добие одобрение од Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) да може да ги откупи акциите од сегашниот сопственик на Сандерленд, Стјуарт Доналд. - Со почит го очекувам одобрението од ЕФЛ за оваа трансакција. Ќе ми биде голема чест да станам дел од овој клуб со голема традиција … Многумина се запознати со моето семејно потекло и преземањето на Сандерленд за мене ќе значи одговорност да бидам чувар на иднината на клубот, соопшти 22-годишниот Кирил Луј – Драјфус. Неговиот покоен татко, Роберт Луј - Драјфус, во минатото беше прв човек на германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ и сопственик на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј, кој го продаде во 2016 година. ег/гт/

Остани поврзан