Синот на Балак загина во сообраќајна несреќа
- Синот на поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Михаел Балак (44), 18-годишниот Емилио, загина во сообраќајна несреќа, возејќи квадроцикл во близина на Лисабон

Лисабон, 5 август 2021 (МИА) - Синот на поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Михаел Балак (44), 18-годишниот Емилио, загина во сообраќајна несреќа, возејќи квадроцикл во близина на Лисабон.
Причината за несреќата сè уште не е позната, а португалските медиуми јавија дека синот на Балак го загубил животот во два часот наутро возејќи квад во туристичкото место Троија, јужно од Лисабон, во близина на семејната куќа.
Емилио е син на Балак од бракот со Симоне Ламбе, со која поранешниот германски репрезентативец има уште два сина, Луис (20) и Жорди (16) Двојката се разведе во 2016 година. ег/ми/