• понеделник, 13 април 2026

Синер го престигна Алкараз и се искачи на врвот на АТП ранг-листата

Синер го престигна Алкараз и се искачи на врвот на АТП ранг-листата

Париз, 13 април 2026 (МИА) - Италијанецот Јаник Синер се искачи на првото место на најновата АТП ранг-листата објавена денес на веб-страницата на организацијата.

Вчера, Синер го победи Шпанецот Карлос Алкараз во финалето на турнирот на земјена подлога во Монте Карло Мастерс. Синер се врати на првото место за прв пат од ноември 2025 година, додека Алкараз падна на второто место.

Топ 10 тенисери на АТП ранг-листата објавена на 13 април:

1 (2). Јаник Синер (Италија) - 13.350 бодови

2 (1). Карлос Алкараз (Шпанија) — 13.240

3 (3). Александар Зверев (Германија) — 5.555

4 (4). Новак Ѓоковиќ (Србија) — 4.710

5 (7). Феликс Оже-Алијасим (Канада) — 4.100

6 (8). Бен Шелтон (САД) — 3.900

7 (6). Алекс де Минаур (Австралија) — 3.895

8 (9). Тејлор Фриц (САД) — 3.870

9 (5). Лоренцо Мусети (Италија) — 3.625

10 (10). Данил Медведев (Русија) — 3.560. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан