• понеделник, 23 декември 2024

Силите на Хафтар се заканија со напад на цивилни авиони над Триполи

Силите на Хафтар се заканија со напад на цивилни авиони над Триполи
Триполи, 24 јануари 2020 (МИА) - Бунтовничките сили на генералот Калифа Хафтар во Либија го прогласија Триполи за „зона без летови“ и се заканија дека ќе гаѓаат цивилни авиони над главниот град. Аеродромот Митига, единствениот што работи во Либија, неколку пати беше мета на напади откако Либиската национална армија започна офанзива за заземање на Триполи, кој е под контрола на меѓународно признатата влада. Владата ги повика Обединетите нации да преземат сериозни и ефикасни мерки за да овозможат безбедност на цивилите и цивилната авијација на кои им се заканува опасност од милицијата која напаѓа. Портпаролот на генералот Хафтар, Ахмад ал Месмари преку соопштение испрати порака дека „секој воен или цивилен авион кој лета над престолнината ќе биде уништен“. Тој тврди дека турските војници кои ја поддржуваат владата го користат аеродромот како база. паг/

Остани поврзан