• сабота, 16 ноември 2024

Силен земјотрес го погоди источниот дел на Турција

Силен земјотрес го погоди источниот дел на Турција

Анкара, 16 октомври 2024 (МИА) - Силен земјотрес, според првичните информации со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, утрово нешто пред 10 часот ја погоди источна Турција, недалеку од градот Баскил.

Земјотресот се случи на длабочина од 9 километри, а обемот на овој потрес се уште не е познат.

Граѓаните преку ЕМСЦ известуваат дека потресот силно бил почувствуван.

Силен земјотрес е почувствуван во источна Анадолија, југоисточна Анадолија и централна Анадолија. Земјотресот бил почувствуван во Дијарбакир и Елазиг. Неколку корисници контактирале од Сирија, наведувајќи дека и тие на 300 километри го почувствувале земјотресот.

Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикана материјална штета. ссм/

 

Остани поврзан