• понеделник, 23 декември 2024

Сив сокол постигнал речиси 390 километри на час

Сив сокол постигнал речиси 390 километри на час

Сиетл, 10 јyли 2024 (МИА) - Сивиот сокол (Falco peregrinus) може да достигне брзина од над 300 километри на час, што го прави најбрзата птица во светот. А, еден од нив постигнал 389,46 км/ч., пренесува „ИФЛ сајенс“ (IFL Science).

- Тој е како „Ферари“ на небото. Сепак, сивиот сокол може да ги достигне овие опасни брзини само кога ќе изведе еден вид „нуркање“ во воздухот познато како ловечки залет, појасни Кен Френклин, пилот, но и љубител и познавач на соколите.

Ловечкиот терен всушност е местото за тој лет во пад, што соколот го користи за да го фати својот плен. Издигнувајќи се далеку над целта што би можела да биде друга птица, тој ги повлекува крилјата заради порамномерен облик, пред да се спушти со клунот надолу, речиси под прав агол.

Дел од секундата пред да ја достигне целта, без разлика дали е на земја или во воздух, соколот ги шири крилјата за да го забави падот и да го промени правецот.

Најголемата забележена брзина што сив сокол некогаш ја достигнал е 389,46 км/ч. Птицата по име „Страшен“ го постигна тоа во американската сојузна држава Вашингтон. Сепак, овој лет е снимен како дел од документарен филм за „Нејшнал џиографик“ (National Geographic). Спуштањето на соколот почнало откако тој бил ослободен од авион на височина од 5.182 метри, далеку повисоко отколку што птица од овој вид вообичаено би летала на небото. Така што, некои орнитолози го оспоруваат тоа дека сив сокол би можел да достигне олку голема брзина во нормални услови.  си/паг/

Фото: Фрипик

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан